24 Април, 2024
0.0287

Едвард Сноуден: Америка го бара, Русија не го дава

Објавено во: Стил 01 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Едвард Сноуден може да остане во Русија под услов да прекине со работата чија цел е да наштети на нашите американски партнери, изјави Рускиот претседател Владимир Путин. Според него, поранешниот соработник на американските тајни служби не е руски агент и руските разузнавачки служби не соработуваат со него.

Путин изјави дека сепак нема намера да го предаде Сноуден на американските власти.

„Русија никогаш не предава никој на никого“ рече Путин.

Претходно американските медиуми објавија дека Сноуден бара азил во 15 различни земји и како што пишува „Лос Анџелес тајмс“, Сноуден се сретнал со официјални руски дипломати и им доставил молба во која биле наведени овие 15 земји каде што тој сака да се засолни.

Засега се верува дека тој се уште се наоѓа во транзит зоната на аеродромот во Москва, каде пристигна на 23-ти јуни.

Поради наводите дека Вашингтон ја шпионирал Европската унија и другите сојузници, денеска и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун апелираше до земјите-членки да го заштитат интегритетот на дипломатските мисии на нивна територија.

„Земјите-членки треба да ги заштитат дипломатските мисии“, истакна Бан во Женева, одговарајќи на новинарско прашпање за најновите обвинувања, зад кои има сомнеж дека стои Едвард Сноуден.

Бан одби директно да ги коментира извештаите дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) ја набљудувала мисијата на ЕУ во Вашингтон, тој истакна дека „дипломатските мисии, во принцип, треба да бидат заштитени, а тоа опфаќа и заштита на нивните податоци“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган