16 Април, 2024
0.0241

Ефикасноста на вакцините за беснило ќе се докажува и во Македонија

Објавено во: Агробизнис 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Националната референтна лабораторија за дијагностика на беснило при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје од 1 јануари 2013 година ќе врши серолошки тестови за контрола на ефикасноста на вакцинацијата против беснило кај кучиња, мачки и ласици. Оваа одлука била донесена на 4-ти декември од страна на Европската комисија, која била задоволна од квалитетот на анализите во оваа лабораторија. Досега ваквите испитувања се вршеа најблиску во Нови Сад за што сопствениците на домашните миленичиња плаќаа по најмалку 6.000 денари за сертификат кој потврдува дека вакцинацијата против беснило е ефикасна, а се чекаше од две до три недели. Сега,  анализите ќе чинат 3.000 денари за мостра, а резултатите ќе се добиваат за максимум седум дена.

„По официјалното пуштање во употреба на лабораторијата за дијагностика на беснило во септември минатата година, за што беа вложени повеќе од 200 илјади евра, валидирани се нови дијагностички методи како тест за детекција на биомаркери, ЕЛИСА тест за серолошко испитување мостри од лисици за детекција на присуство на антитела, тест за изолација и секвенционирање на вирусот на беснило, тест за одредување на титарот на антитела против беснило по извршена вакцинација (ФАВН тест)“, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Тој најави дека деновиве ќе почне пост вакциналниот мониторинг за контрола на успешноста на оралната вакцинација, за што Агенцијата склучи договори со ловните друштва-концесионери на ловиштата за испитување мостри од застреланите лисици на одредено подрачје каде што се вршела вакцинација. Тие имаат обврска за застрелување на одреден број лисици (четири лисици на 100 километри квадратни годишно или две на 100 километри квадратни по секоја кампања) и земање мостри за лабораториско испитување. Рунтевски ги повика ловните друштва концесионери на ловиштата да доставуваат мостри од секоја застрелана лисица и дива свиња за лабораториско испитување за да може успешно да се спроведе контролата на беснило и класичната чума кај свињите и дивите животни. Македонија почна со имплементација на програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило во мај минатата година кога се реализираше првата кампања. Досега реализирани се три кампањи, а во секоја од нив се дистрибуирани по 500.000 мамки. Парите за ваквата вакцинации се добиваат преку Програмите ИПА.

Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?