21 Ноември, 2017
0.9200
    ADIN 540    -1.82%     ALK 7350    -0.51%     BESK 10300    0%     CEVI 912    0%     FERS 57750    -2.94%     GRNT 801    -2.95%     KJUBI 1400    -2.78%     KMB 2700    0%     LOTO 600    0%     MPT 26900    -0.37%     MTUR 4224    3%     OHB 4851.54    -0.17%     REPL 54800    0.37%     RMDEN11 96    -0.62%     RMDEN13 96.4    1.47%     RMDEN15 95    0.05%     STBP 600    -0.17%     TETE 1938    4.76%     TNB 13500    -0.01%     TTK 816    0.38%     UNI 1905    0%     ZPKO 2600    -2%

Егзодус на бели мантили

Објавено во: Економија 15 Јули, 2017

Елена Малкова студира општа медицина и е трета година студии на Медицинскиот факултет – во Скопје. Својата иднина како млад лекар вели не ја гледа во земјава. Иако звучи како однапред предадена битка сепак како што објаснува, смета дека постои подобар животен стандард и подобри услови за работа надвор бидејќи трудот на белиот мантил е адекватно вреднуван и постојат подобри услови и можности за стручно напредување.

Образовниот систем во земјава според неа создава кадри кои се теоретски поткрепени, но во недостаток на услови за практично усовршување и дополнување на теоријата не се доволно компетентни на пазарот на трудот.

“Иднината ја гледам надвор пред се бидејќи постои подобар животен стандард и подобри услови за работа што само по себе го намалува стресот и анксиозноста. Трудот е адекватно вреднуван и постојат подобри услови и можности за стручно напредување,а најважно од се сите се третираат подеднакво. Постои несебично и безусловно споделување на знаењето и искуствата од страна на постарите колеги и ментори. Хиерархијата на работното место е организирана така што не го загрозува интегритетот и достоинството на младите вработени”- вели Елена.

Младата студентка својата иднина вели сака да ја гледа во општество каде индивидуалните квалитети и знаењето се секогаш вреднувани повеќе од личните познанства и каде сите имаат еднакви можности за напредување во својата стручна област.

“На прво место се егзистенцијата и несигурната иднина. Особено демотивирачки делува потценувањето на знаењето и квалитетот, кон што придонесуваат надредените кои го потенцираат нашето незнаење. По завршувањето на формалното образование потребен е одреден период на дообучување и стекнување дополнителни искуства.Со многу труд и работа може се да се постигне, па така и лекарската диплома. Студентскиот живот на студент по медицина е напорен, претставува голема инвестиција на време и финансии. Многу често е потценет психичкиот напор и стресот кој го доживуваме во текот на студиите. Јасно е дека секој кој избрал да студира медицина има само една цел- да им помага на луѓето, но со текот на студиите многу од нас се демотивираат и го губат ентузијазмот”- потенцира Елена.

Идните лекари за да стигнат до диплома по медицина во земјава, според неа се изложени на многу откажувања, напор и труд, а за возврат вели добиваат изгубени години и вредности.

“Дипломата е признаена во мал број европски земји. Најчесто потребна е дополнителна нострификација и полагање на дополнителни испити бидејќи нашата програма не соодветствува во потполност со европските стандарди и програми за студирање медицина. Многумина избираат да студираат медицина во соседните земји, а посебно земјите од ЕУ бидејќи таму постојат многу подобри услови и тие дипломи се речиси секаде признаени”- вели младата студентка.

На младите смета дека треба да им се обезбеди соодветно образование и тие да бидат сигурни дека нивниот квалитет и труд секогаш ќе бидат вреднувани. Во спротивно како што вели егзодусот на медицински кадри ќе се зголемува бидејќи во младите лежи енергијата и ентузијазмот за иднината на ова општество, но за да се сочува таа енергија потребна е мотивација која ќе ги задржи, а не која ќе ги поттикне да заминат од својата земја. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Потенцијалните инвеститори ќе вршат увид во „Фени“

Потенцијалните инвеститори ќе вршат увид во „Фени“

ТОП огласи за работа: Се нуди и пракса и работа од дома

ТОП огласи за работа: Се нуди и пракса и работа од дома

Доаѓа светското Black Friday шопинг лудило, што има кај македонските трговци?

Доаѓа светското Black Friday шопинг лудило, што има кај македонските трговци?

Зошто „Македонијатурист“ ја преполови оперативната добивка за пет години?

Зошто „Македонијатурист“ ја преполови оперативната добивка за пет години?

Најмоќната економија ја „кочи“ само недостиг на работници

Најмоќната економија ја „кочи“ само недостиг на работници

НАФТАТА ПАЃА: Колку чини „црното злато“ на странските пазари?

НАФТАТА ПАЃА: Колку чини „црното злато“ на странските пазари?

Доналд Трамп лаже дека е мултимилијардер

Доналд Трамп лаже дека е мултимилијардер

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

НОВ РЕКОРД: Незапирливиот биткоин ги преминува сите граници

НОВ РЕКОРД: Незапирливиот биткоин ги преминува сите граници