Добивај вести на Viber
Европската комисија ќе провери дали мерките на Владата на Србија со кои се субвенционира „Фиат“ се во согласност со Преодниот трговски договор, посебно во одредбите за државна помош, изјави за Танјуг портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано.
Тој додаде дека Комисијата го разгледува ова прашање и дека е во контакт со српските власти.
- Комисијата согледа дека мерката со која се субвенционира производителот на автомобили во Србија, му овозможува да продава автомобили со попуст. Во рамки на Преодниот трговски договор, кој Србија го склучи со ЕУ, мора да се преиспита компатибилноста на оваа мерка, а посебно со одредбите за државна помош, рече Стано.