28 Март, 2024
0.0258

Екипи на МВР ги утврдуваат причините за пожарот во зградата на Македонска пошта

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

На терен увидни екипи на МВР за да ги утврдат причините за пожарот што вчера ја зафати главната зграда на АД „Македонска пошта“ - Скопје, а на местото се уште е присутен и пожарникарски тим.

- Пред објектот дежура едно противпожарно возило со пет пожарникари заради превенција и доколку има потреба да интервенира, изјави Благоја Менковски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Во гаснењето на пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот и 30 минути учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила. Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во „Македонска пошта“.

Едно лице синоќа е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради тешкотии при дишењето. Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска информира дека станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба.

Поради оштетувањата на зградата, управата на АД Македонска пошта - Скопје ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.

Директорот на Македонска пошта Рафиз Алити изјави дека поштата нормално ќе работи.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија