20 Април, 2024
0.0349

Екипиран вториот владин ешалон-избрани замениците министри без поддршка на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашната собраниска седница со 62 гласа „за“ се избраа и замениците министри во владиниот кабинет. 

И покрај бојктот на опозицијата и бурните спротвставување на ВМРО ДПМНЕ замениците министри се заколнаа дека ќе работат согласно Уставот и законите во државата. 

Најмногу несогласувања опозиционерите имаа околу името на Арта Точи и Јани Макрадули.

Во согласност со предлогот, за заменик министер за одбрана е избран Беким Максути, за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда оди Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов. Власте Димковиќ е заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.

„Констатирам дека Собранието со мнозинство гласови ги избра лица за заменици-министри во Владата. Со оваа одлука на претходните заменици им престанува функцијата, рече собранискиот спикер Талат Џафери по завршувањето на гласањето.

На седницата не изостанаа ниту препукувањата кој е поголем патриот а кој е предавник, кој е криминалец, кој работи за граѓаните, кој за личните интереси. 

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд