19 Април, 2024
0.0261

ЕКОНОМИЈА 2018: Дома – оптимизам, надвор – ризици !

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со потфрлување од 2,74% на приходната страна, заврши буџетската 2017 година. Помалку пари во однос на проектираното се собрани од носечниот данок ДДВ, од акциза, данок на добивка и од придонеси за здравствено осигурување.  Од друга страна целосно е остварен планот за приходи од Персонален данок на доход, од увозни давачки и од продонеси за пензиско осигурување. Во очекување на показателите за првиот месец од новата 2018 година, дел од економистите оценуваат дека сега, откако е обезбедена финансиска конструкција за буџетската година, потребна е зголемена внимателност со менаџирање на јавните финансии. Гувернерот Димитар Богов укажа дека македонската економија е добор потготвена за турбуленции коишто може да се случат на светските финансиски пазари.

Помалку пари од ДДВ и од акциза, повеќе од персоналец..

Ланската буџетска година заврши со вкупни остварени приходи на ниво од 2,9 милијарди евра што во однос на проекцијата претставува пониско остварување за 2,74%. Според новите податоци на Министерствто за финансии, кај вкупните даночни приходи потфрлувањето во однос на планот изнесува 1,23 %. Конкретно, од ДДВ лани во буџетската каса се собрале 778,3 милиони евра, што е за 2,41% помалку во однос на буџетските очекувања за прилив по овој основ. Помалку пари од планираното за 3,86% се собрале и од Данок на добивка, со што на крајот од 2017 година приходите по овој основ изнесувале 184,6 милиони евра.

Потфрлување има и кај приходите од акциза, пришто на крајот од декември, односно за една година од оваа давачка во буџетската каса се слеале 375,5 милиони евра што е за 1,05% помалку во однос на планот. Од друга страна, во буџетската 2017 година, оставрување има кај приходите од персонален данок на доход, кои биле на ниво од 248,2 милиони евра или реализација од 100,14%.  Целосно оставрување има кај приходите по основ на придонес за пензиско осигурување, кои на крајот од 2017 година биле на ниво од 579 милиони евра со  остварување од 100,36%. Натфрлување има кај приходите во Агенцијата за вработување за 2,77% додека незначително намалување од 0,28% има кај приходите во Фондот за здравствено осигурување.

Во 2017 година, незвесноста од политичките ризици најмногу се одрази врз инвестициите. Во делот на државните капитални расходи, лани во однос на проекцијата, имало остварување од 83,6%, на ниво од 322,9 милиони евра. 

Неизвесноста демне – како ќе се турка 2018 година?

Во година во која ќе се троши досега најголемиот буџет, со амбицизони планови за капитални инвестиции, но и со ново задолжување од половина милијарда евра, знајачно ќе биде дисциплинирано трошење и менаџирање со јавните финансии, коментираат економистите. Очекуваат политичка стабилизација која ќе ја воведе економијата во “помирни води“, но сметаат дека сепак наважно ќе биде Владата да се држи утврдените приоритети, но и да не отстапи од најавените реформи во клучните сегменти, како судството и борбата со корупцијата, како основа за стабилна економска клима.

“Турбулентното економско и политичко  опкружување во претходниот период нужно укажа на потребата од детектирање, дефинирање и нудење конкретни решенија за справување со клучните економски предизвици во Македонија. Ова е од исклучително значење доколку сакаме да создадеме солидна основа за сигнификантен одржлив економски раст и развој во иднина. Ова е сериозна и исклучително сложена задача имајќи предвид дека самото детектирање и понатаму, признавање од страна на креаторите на политиките на предизвиците со кои се соочуваат е половина од решението и преставува добра почетна основа врз која понатаму може да се дискутираат, анализираат и имплементираат конкретните политики“ - вели унвиерзитетскиот професор Борче Треновски и додава:

“Прва дилема преставува како да бидат селектирани клучните предизвици, втора дилема преставува кои субјекти ќе треба да пристапат кон решавање(нудење решенија) на секој од предизвиците, трета дилема преставува временската рамка и план според која треба да се подредат предизвиците и да се пристапи кон нивно третирање и на крај од особена важност се мерките и ефикасноста во нивната имплементација со која ќе се пристапи кон решавање на истите“.

Она што може да ги “помати“ оптимистичките прогнози за годинава се најавите за нови финансиски турбуленции на светскиот пазар. Не е исклучен нов “кризен“ бран, но не со силина на оној во 2008 година. Гувернерот Димитар Богов упатува на внимателност, но уверува дека банкарскиот и финансискиот сектор сега се силни и отпорни на евентуални шокови.

„Сепак, македонската економија треба да биде внимателна и да биде добро подготвена. Во минатиот период и ние презедовме низа мерки со кои го зајакнавме банкарскиот сектор. Последните години имаме намалување на буџетскиот дефицит, а верувам дека во наредниот период ќе дојде и до стабилизирање на јавниот долг. Фактот што во јануари беше издадена еврообврзница во многу поволен амбиент е позитивен. Тоа обезбедува од сите ризици и имаме доволно средства до средината на идната година. Се тоа дава уверување дека македонската економија е подготвена за вакви турбуленции кои може да се случат на светските финансиски пазари“- изјави гувернерот Богов.

Според буџетските прогнози, годинава се очекува економски раст од 3,2%.

“Во 2018 година економијата се очекува дополнително да заздрави од негативните влијанија на политичката неизвесност воземјата во текот на 2017 година, односно се очекува понатамошно интензивирање на економскиот раст. Политичката стабилност и враќањето на довербата кај инвеститорите се очекува да придонесат кон раст на приватните инвестиции. Растот на платите и вработеноста во приватниот сектор, поддржан од владините мерки, придружени со очекувањата за ниска и стабилна инфлација во земјата ќе придонесат кон зголемување на приватната потрошувачка“ - наведува креторот на економските политики, Министерството за финансии во буџетските документи.

По завршување на политичката незвесност, кредитната агенција “Фич“ ги подобри изгледите на македонската еекономија, од негативни во позитивни, со  ББ кредитен рејтинг. Дел од бизнисмените оценија дека подобрениот изглед на економијата е добар сигнал за инвеститорите кои подолго време апсинираа и со тековни вложувања но и со нови инвестициони одлуки. 

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен