23 Април, 2024
0.0262

Економијата, со Груевски и без него

Објавено во: Економија, Колумни 13 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Неповолниот исход од раководењето на Груевски со македонската економија на своја кожа веќе го чувствува секој граѓанин. И со „макотрпна“ работа 24/7 не успеа економската позиција на населението да ја помести од најниските скалила на Европа. Секој нормален се прашува која е причината за тоа, бидејќи на сите им е познато дека не се работи за недостиг на средства за инвестирање. Годишните бруто инвестиции во земјата се приближија до третина од годишниот БДП (во 2015 година-31,9%). Сакала власта да признае или не, очигледно е дека моделот на развој со проекти, доживеа колапс. Доказ за тоа е ниската просечна стапка на раст на БДП која се закатанчи на 3%, а буџетскиот дефицит и јавниот долг постојано ги пробиваа лимитите, поради што веќе се прават проекции за нивно консолидирање. Растот на БДП во првиот квартал од годинава се забави и изнесува само 2%. Најлошо е што товарот од досегашното задолжување на државта бара и повеќе од 3% од БДП за негово сервисирање. Тоа значи дека за одржување на постојнава ситуација ќе биде неопходно уште поголемо задолжување. А бидејќи тоа е    неодржливо, веќе се изнудува извесна прераспределба на БДП во општеството. Тоа набрзо ќе се почувствува, се разбира доколку не проработи инфлаторното финансирање со што дефинитивно ќе се затресат темелите на досегашните политики. Се изјаловија и очекувањата дека со силното поттикнување на странските директни инвестиции во земјата ќе се направи пресвртот во динамизирањето на растот во Македонија. Не само што не се случи тоа, туку нивниот раст дојде само како надокнада на намалувањето на активностите на домашниот бизнис. Од нивниот „силен“ развој, не се чувствува речиси ништо. Факт е дека тие, во најголем дел се вклучени во индистријата, а растот на индустријата, во последните неколку години е 3,2-4,8% годишно. Слично е и со извозот. Тој е зголемен од субјектите во ТИРЗ-овите, меѓутоа, извозот, во 2015 година, стагнира. Тој е на ниво од 2011 година. Тоа значи дека се намалува извозот од страна на домашните бизнисмени, т.е. се прелива „од шупло во празно“. Сломот на моделот на развој со проекти се манифестира дури и во регионалниот развој каде што има и објективна потреба за негова примена. Разликите во степенот на развиеност се зголемени, а како последица на тоа некои од регионите се испразнија. Населението својата среќа ја побара со отселување во странство. Неодржливоста на моделот произлегува и оттаму што во неговото промовирање се преземаа мерки  со кои се нарушуваа ценовните односи на стоковниот пазар и на пазарот на трудот. Допрва ќе се  согледуваат деформациите во ценовните односи меѓу домашните и странските производители поради  средствата за поттикнување на странските инвеститори, вклучувајќи го и субвенционирањето на дел од бруто платите.  Впрочем, веќе и странските релевантни медиуми почнаа да не’ титулираат како земја која е рај за  инвеститорите, а пекол за работниците. За жал од инвеститорите не  видовме многу, а работниците пеколот го почуствуваа. Да не зборуваме за субвенционирањето на земјоделците, со кое  не се воспостави врска со производството и извозот. Набрзо ќе сфатиме дека нема ефикасен развој ако не се почитуваат пазарните принципи, а волунтаризмот и популизмот на лидерот, и со најдобри намери, води во криза. Засега зборуваме за системските мани на моделот на развој со проекти.  Да не забораваме  дека тој е високо подложен и на криминогени постапки и однесувања, поради што доаѓа и до десеткување на средствата. Факт е  дека и ваквата можност ги влоши ефектите од изведувањето на проектите. Само да споменеме дека многу од нив се изведуваа и со неколкукратно повисоки цени од првично предвидените за нивно завршување. Да не зборуваме за организирани уцени, рекет и заплашувања на домашните бизнисмени, на што владејачките структури сметаат дека имаат право, барем од тоа што можевме да слушнеме од „бомбите“ на опозицијата. Разумно е да се надеваме дека во наредниот период Груевски нема шанси да го продолжи „летот во место“. Меѓутоа, реален проблем е ако „груевистите“, кои се’уште го следат на секој негов чекор во реализацијата на проектите, исто така мислат и се однесуваат како него.  Секој изминат месец значи натамошно влошување на економската ситуација. Веќе се најавува емисија на нова еврообврзница. Чиста штета ќе биде  ако и таа се потроши според  тоа како до сега се трошеа парите од претходните обврнизници. Најавениот ребаланс на буџетот и новите ангажирани средства мораат да се искористат развојно, за да се излезе од замката на ниски стапки на раст. Не треба да се убедуваме дека шансите на земјата се изгледни само доколку се ослободи од наметнатиот систем на вадеење и  се врати на патот на демократски развој, изградувајќи  ефикасна правна и социјална држава и слободно претприемништво. Обезбедувањето на побрз развој со исто количество на пари, не е   неизводливо, но само откако земјата ќе се отараси од Груевски и „груевизмот“. Градењето на митот секогаш многу кошта и  секогаш го плаќа народот. Без Груевски парите ќе добијат на вредност, а народот на достоинство. Тогаш нема да има потреба да му се заблагодарува на лидерот затоа што го вработил или што му „фрлил“ субвенција. Впрочем, во демократските општества лидерите се должни на најефикасен начин да ги остваруваат општествените интереси, а доколку не го прават тоа народот има право да ги смени. Оттука, сосема се објективни очекувањата дека по Груевски, македонската економија ќе почне полесно да дише. Ослободените од уцени, рекет и казни претприемачи ќе го динамизираат развојот, и не затоа што некој лидер тоа го посакува , туку затоа што тоа  е од интерес на претприемачите, интерес кој пак секогаш е во функција и на општествениот развој. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва