Добивај вести на Viber
Десет илјади Срби и над шест илјaди Македонци изминатиов период побарале азил во Германија, пренесува британски економски неделник Економист и забележува дека на врвот на баратели на азил се Србите, далеку пред Авганистанците и Сиријците.
„Веќе не може да се прифати натамошно зголемување на злоупотребата на системот за азил. Животот можеби им е тежок дома, но таму не постои отворен прогон. Во Македонија и Србија тие се подобро интегрирани во општеството отколку луѓето во повеќето други земји. Огромниот прилив на српски и македонски граѓани мора веднаш да биде запрен““, вели германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, а пренесува Радио Слободна Европа.
Инаку постојат сериозни забелешки дека законската регулатива во Македонија која спречува патување во странство доколку не се поседува луѓето одредена сума пари за секој ден од престојот е незаконска и расистичка. Како што пишува Економист пред 2009 година,кога беа укинати визите бројот на баратели на азил од Македонија и Србија бил 9.860, а до октомври лани пораснал на 33.530 граѓани.