Економисти: 2017-та ќе биде тешка за германскиот пазар на труд
Објавено во: Економија, Свет 26 Септември, 2016
Економистите предвидуваат дека 2017-та година ќе биде тешка година за германскиот пазар на труд, покажува истражување, цитирано од ДПА.
Земени се в предвид како зголемувањето на бројот на бегалците, така и индиректното влијание на Брегзит. Економистите кои работат за најголемите германски банки, прогнозираат зголемување на невработените помеѓу 100.000-150.000.
Предвидувањата им се во спротивност со најновата прогноза за пазарот на трудот на Институтот за вработување, според кој се очекува бројот на невработените во Германија да забележи изненадувачки пад и тоа 70 000 во 2017 година, и да падне до 2,62 милиони.