28 Март, 2024
0.0252

Економските сметки во земјоделството

Објавено во: Колумни 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Економските сметки во земјоделството се развиени како основна задача за анализи во земјоделството (според  Државниот Завод за статистика). Кај мерењето на производството се применува “количина Х цена” пришто тоа се врши по тековни цени како и по цени од претходната година.

  Кај изработката на сметките Државниот завод за статистика ги користи добиените податоци од редовните статистички истражувања, годишните сметки од Централниот регистар и податоци за исплатена финансиска поддршка во земјоделството од Платежната агенција за земјоделство и рурален развој.

  Анализата на показателите од 2006 до 2015 година покажува перманентен пораст и по тековни цени и по цени од претходната година. Вредноста во 2006 година изнесува 66,0 милијарди денари, во 2010 година 76,4 милијарди денари , во 2015 е зголемена на 87,8 милијарди денари.

Таб. 1  Индекс на прoмени во вредноста во однос на 2006 година

Показател

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

Произв. на земјоделска гранка

99,3

118,3

105,4

115,8

116,8

117,8

129,1

130,6

133,0

Растител. производство

95,2

105,6

96,3

107,2

109,1

109,8

120,3

122,5

124,6

Добиточно производство

112,7

160,5

124,0

124,0

121,2

124,7

128,0

127,5

130,8

Вкупно:растително + добиточно

99,3

118,2

102,7

111,0

111,9

113,2

122,1

123,6

126,0

 

   Растителното производство има највисоко учество во вкупната годишна вредност, по тоа добиточното производство, па нивното ниво силно се одразува на вкупното ниво на производството на земјоделската деловна гранка. Покрај вредноста на растителното и добиточното производство,  земјоделската деловна гранка ја сочинуваат: услуги во земјоделството, неземјоделски секундарни дејности и субвенции на производството.

Таб. 2Структура на вредноста и земјоделската производна гранка

Показател

2006

2009

2012

2015

Растително производство

74,0

67,7

69,0

69,4

Добиточно производство

21,9

25,8

23,2

21,5

Услуги во земјоделство

0,3

0,3

0,4

0,5

Неземјоделски секунд. дејности

2,3

1,4

2,3

2,0

Субвенции на производството

1,5

4,8

5,1

6,6

Вк. земјоделската гранка

100,0

100,0

100,0

100,0

  Вредноста на растителното производство е далеку највисока и учествува со околу 70% од вкупната вредност, додека добиточното производство помеѓу 21,5 до 25,8 %. Како што се гледа учеството на двете гранки опаѓа од 2006 до 2015 година, а расте  учеството на субвенциите на производството од 1,5 % во 2006 год, на 6,6 во 2015 година кога субвенциите достигнале 5,72 милијарди денари, односно 90 милиони евра.

  Субвенциите на производството не е приход создаден од земоделците, додека услугите во земјоделството и неземјоделските секундарни дејности, учествуваат симболично во формирањето на вкупната вредност, затоа повеќе внимание ќе посветиме на движењето на приходот на растителното и  добитичното производство.

Таб. 3  Износ на земјоделските економски сметки

Показател

2006

2008

2010

2012

2014

2015

Растително производство

48.880

51.634

52.412

53.682

59.885

60.926

Добиточно производство

14.445

23.199

17.927

18.027

18.428

79.833

Вкупно

63.355

74.833

70.339

71.709

78.313

79.837

Базен индекс 2006 год.

100

118,2

111,1

113,2

123,6

126,0

Тековен индекс

100

118,2

94,0

101,9

109,2

101,9

 

  Податоците ги претставуваме преку една година поради ограничениот простор, но тоа не ги менува првобитните податоци за пораст на земјоделските гранки (растително и добиточно производство) и тоа се гледа од индексот на промени во таб. 1.

  Вкупните податоци (таб.3 )  покажува дека македонското земјоделство е ниско интензивно и неговите вредности (според таканаречените “економски сметки”) се показател на релативно ниско продуктивно производство, бидејќи околу 80 милијарди денари се остварени во последната година од анализите (2015) од 500 илјади хектари обработлива површина во Македонија. Ако се анализираат приходите на поважните производи од 2011 до 2015 година ќе се види дека вредноста кај житата изнесува 77 % (во 2015 во однос на 2011 година)  индустриските растенија 92,8 %,компирот 92,1 %, додека сите други ставки од кои е формирана вкупната вредност се со релативно висок пораст, на пример: виното е со пораст од 166,6 %, фуражните растенија со 136,3 % добиточното производство со 114,9%, додека вредноста на добитокот е 100,1%.

 

  Се смета дека инфлацијата би можела да има  силно влијание на релативно високиот раст на вредноста на економските сметки. Ние не се обидовме да ги дефлацираме изнесените вредности, зошто инфлаторните  вредности навистина се доста променливи по  години и не биле така високи да имаат некое поголемо влијание на изнесените податоци. Во овие 10 години (од 2006 до 2015 година) во  три години инфлацијата била негативна (2009, 2014 и 2015 год.). Највисока инфлација од 6,1 % (според Државниот завод за статистика) бил од 2007 година и тоа 4,7 % во 2012 год. и 4,1 во 2008 год. додека во останатите години таа се движела околу 3 %, со искучок на 2013 год. кога изнесувала 1,3 %.

Извор на податоци статистички годишник на РМ 2012 и 2017, страна 408 соодветно 451

     


Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?