Екс претседателот на Хрватска доживеа несреќа во Скопје
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017
Поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ доживеал судир во Скопје, пренесе ТВ24.
Како што се наведува, автомобилот на хрватската амбасада, во кој се наоѓал Месиќ, на пат кон хотел се судрил со возило со скопски регистарски таблици, а во судирот немало повредени.
Од МВР ја потврдиле информацијата за ТВ24 дека тој судир се случил на скопската обиколница кај Визбегово и дека полицијата интервенирала по најава на минувачи.
Причинета е само материјална штета, а возилата се отстранети од автопатот веднаш откако полицијата направила записник.
Според медиумите, Месиќ во земјава допатувал за да присуствува на конференцијата на која е најавено присуство и на други поранешни претседатели од земјите во регионот.