25 Април, 2024
0.1235

Нема повеќе да има пензии за починати лица

Објавено во: Финансии 08 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Преку воспоставување електронска размена на податоци ќе треба да се спречи исплаќање пензии на починати лица беше заклучено на денешната конференција на која учествуваа раководствата на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување на државите од поранешна СФРЈ. - Со овие држави Македонија има потпишано договори и на државно ниво и на ниво на институции, но тие не секогаш се имплементираат во реалноста поради човечка грешка. Заради тоа денеска ќе се обидеме тој фактор да го елиминираме и да дефинираме конкретни временски процедури за да не се случува некое барање од некоја држава за одреден стаж да добие одговор после неколку месеци или години, а како резултат на тоа тие што аплицирале за пензија да не можат да ја добијат, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири. Една од поважните теми е и електронска размена податоци, која треба да почне да функционира од 2013 година, со што ќе се исклучи исплаќање на пензии на лица кои се веќе починати, а во земјата во која остваруваат пензија не пристигнале информации дека се починати, бидејќи живеат во друга држава, појасни Незири. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, вели дека ваквиот тип на средби се од исклучителна важност со оглед на тоа што сите држави се соочуваат со слични проблеми со оглед на фактот што нивните пензиски системи се излезени од еден. Во Македонија, вели министерот Ристовски, право на пензија остваруваат лица кои сега живеат во државите кои произлегоа од некогашната СФРЈ, а порано со оглед на заедничкото живеење работеле во земјава. Ристовски одново го отвори прашањето за стареење на населението, тренд што може да предизвика проблеми во ликвидноста на пензиските системи во иднина. На заедничка маса со сите претставници, Ристовски информираше и за владините реформи посветени на пензионерите. Македонија е домаќин на регионалната средба на генералните директори на јавните пензиски фондови-заводи од поранешните ЈУ-Републики-Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Српска.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот