28 Март, 2024
0.0286

ИНТЕРВЈУ Стив Шарп: ќе вложиме 500 милиони долари во Иловица, вадењето злато е голем проект!

Објавено во: Економија 21 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Стив Шарп, Претседател и главен извршен директор на Еуромакс, во интервју за Фактор вели дека неговата компанија планира во изградбата на рудникот за бакар и злато во с. Иловица вкупно да  бидат инвестирани околу 500 милиони долари. Годинава ќе бидат вложени околу 5 милиони долари . Рудникот за бакар и злато треба да биде готов во 2017 година.

Фактор: Изградбата на рудникот за бакар и злато би требало да заврши до 2017 година. На што конкретно ќе работите годинава?

Шарп: Нашиот фокус во 2013 година е дополнително да ги дефинираме опсегот на проектот и економската исплатливост, кои се веќе покажани во нашата Прелиминарна економска проценка за Иловица, која беше објавена во октомври минатата година. Би требало да ја опишеме Иловица преку пред-физибилити студија до средината на оваа година и да го надградиме ресурсот.

Наскоро ќе ги објавиме резултатите од програмата за дупчење на компанијата за 2012 година и резултатите ќе бидат искористени за надградба на минералната суровина и потенцијални нови минерални резерви.

Овие надградени минерални ресурси ќе бидат вклучени во пред-физибилити студијата за Иловица. Штом ќе ја завршиме пред-физибилити студија, ќе започнеме со подготовка на Финалната физибилити студија и техничката документација потребна за добивање дозвола за градба. Ова ќе бара 18 месеци инженеринг, истражување и дизајн, понатамошно дупчење, оценка на аспекти за животната средина преку целосни сезонски варијации и детални извештаи. Фактор Како ќе се реализира инвестицијата до 2017 година? Шарп: Цениме дека за споменатите студии се потребни околу 30 милиони долари. Почнувајќи од 2015 - 2017 година, ќе потрошиме речиси 500 милиони долари за градење на рудникот. Фактор: Колкав е износот на инвестицијата за оваа година? Шарп: Инвестициите годинава ќе изнесуваат приближно 5 милиони долари. Фактор: Како ја оценувате бизнис климата во Македонија? Шарп: Видовме дека Македонија е многу динамична и прогресивна земја за работење. Видовме дека поддршката од Владата е првокласна и дека процесот на издавање дозволи е транспарентен и дека овозможи значаен ангажман од сите засегнати страни. Уште повеќе, Владата беше навистина подготвена да одговори на плановите на Euromax за развојот на проектот Иловица и дека е подготвена да ги олесни странските инвестиции во земјата преку проекти како нашиот. Фактор: Минатата година се смени Законот за минерални суровини. Што значат овие промени за вашата компанија? Шарп: Законот беше надграден за да овозможи спојување на две сродни лиценци. Ова не е од суштинско значење за нашата работа, но овозможува флексибилност за да се спојат лиценцата за експлоатација и лиценцата за истражување во иднина. Исто така, промената која овозможува 4 години инженеринг, а потоа и 3 години за изградба на проектот, одразува реално разбирање за сложеноста на процесот на градење модерен рудник. Фактор: Освен во Македонија, вие сте присутни и во Бугарија и Србија. Дали можете да направите споредба и да ни дадете пример што е поинакво во Македонија? Шарп: Трун (Бугарија) е систем за инцидентно пронаоѓање златна жила, додека KMC (Србија) е систем за силикатна јаловина и порфир. Euromax има тимови во земјите посветени на развојот на овие потенцијали во процес на разработка. Во смисла на развојниот план на компанијата, Иловица е најнапредниот и најзначајниот проект. Фактор: Каков вид технологија ќе се употреби во новиот рудник? Шарп: Вадењето руда ќе биде од отворена јама; обработката на рудата е предвидена да се одвива со користење на едноставен метод на флотација; складирањето на отпадот ќе ги вклучи најдобрите достапни технологии, како што е јаловиште со таложење, што е постабилно и овозможува пообемно рециклирање на водата во споредба со традиционалните техники. Фактор Дали сметате дека во Македонија има доволно компетентен персонал за реализација на еден ваков проект? Шарп: Да, многу вештини се сродни со други индустрии, како вадење камен и градежништво. Дополнително, високиот стандард на образование ќе обезбеди соодветни стажанти. Фактор: Што ќе значи овој проект за локалната заедница? Шарп: Инвестицијата е од големо значење за локалната заедница. Имено 78 проценти од вкупниот надоместок ќе бидат инвестирани директно во локалната заедница. Ќе имаме обука за нови вештини, кои можат да се употребат во други индустрии.Исто така локалното население ќе има предимство во можностите за вработување.

Фактор: Што е со животната средина, дали ќе превземете мерки за нејзина заштита со оглед на проектот што го спроведувате?

Шарп: Компанијата ќе спроведе стратегија за употреба на светски стандарди за заштита на здравјето, безбедноста и животната средина.Ќе ги употребиме само најдобрите техники во рударството и обработката на минералите. Euromax е посветен на рехабилитација на сите области кои се засегнати со проектот во претходната шумска состојба. Ќе работиме во согласност со ЕУ директивите.

Ќе назначиме исклучиво меѓународно признати консултанти за животна средина и ќе работиме според највисоките здравствени и безбедносни стандарди. Сите возможни влијанија ќе бидат правилно управувани и ублажени.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат