19 Април, 2024
0.0242

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТИМНО ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: Ја загубив сопругата и ми остави дупка во душата

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Изминатиов период ми беше многу тежок. Пред една ипол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам и некои од моите проблеми.

На 17 март, гитарската легенда Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Македонската филхармонија, заедно со музичарите од Филхармонијата. Влатко концертно ќе го промовира новиот албум „Мајчин јазик“, кој лани за регионот го издаде „Кроација рекордс“ од Загреб. За специјални гости се најавени етно-составот „Љубојна“ и српската етно-дива Биља Крстиќ, а концертот го организира „Баги комуникации“. На вчерашната прес-конференција во Скопје, Стефановски го имаше најдоброто засилување. Дојде со синот Јан и со ќерката Ана. Со љубов и со страст разговараше за својот нов албум и за концертот, трудејќи се присутните да не ја почувствуваат празнината во неговата душа. Пред три месеци, по долго боледување, почина сопругата на Влатко, Гордана, со која го делеше животот цели 35 години. Влатко и неговото семејство се потрудија својата тага да ја сочуваат од домашната и од регионалната јавност. Гитарскиот виртуоз, меѓу многуте музички и животни теми, само за „Женски Магазин“ се согласи да прозбори за тешкиот семеен период: прво сообраќајката на синот, па загубата на сопругата.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре