Експерти советуваат како да се преживее авионска несреќа
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2017
Според повеќе експерти кои истражуваат авионски несреќи постои голема шанса за преживување доколку го следите безбедносниот протокол и секако доколку леталото не се распрсне во воздух или брзо потоне во вода.
За патниците во економските класи им се препорачува во случај на несреќа да останат смирени, да не паничат и ги напуштаат своите седишта, туку да бидат што е можно подобро прицврстени на седиштето.
Според податоците најголем дел од фаталните случаи се резултат на повреда на главата или горниот дел од торзото. Затоа во ситуација на пад на авионот треба да се свиткате што е можно повеќе и да ја имобилизирате главата сместен поблиску до скутот. На тој начин во повратниот удар ќе се намалат последиците врз главата каде и најчесто настануваат смртните случаи.
Експертите го посочуваат инцидентот во Колумбија каде шестмина патници преживеаа, а речиси цел бразилски фудбалски тим, тренери и спортски новинари загинаа патувајќи за финалето на Купот на Јужна Америка. Според анализата преживеаните освен што имале неверојатна среќа исто така ги следеле и безбедносните протоколи.