23 Април, 2024
0.0259

Експертите со став за задолжувањата на државата: Дотука било!

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Владата повеќе нема фискален простор за натамошни задолжувања. Со јавен долг на Централната Влада од речси 34 отсто, а со незначителни стапки на економски раст, секое натамошно задолжување може да не чини скапо. Ова за “Фактор“ го велат економистите, коментирајќи ги податоците за континуиран пораст на задолжувањата во последните пет години.

“Според мое мислење фискалниот простор за натамошни задолжувања е потрошен.Сегашното ниво на задолженост ќе влијае врз “цената“ на сите евентуални натамошни задолжувања. Кога се одредува каматата на задолжувањата, за кредиторите е исклучително важно нивото на задолженост на една земја“ – изјави за “Фактор“ Марјан Николов од Центарот за економски анализи.

И во својот последен Извештај, Европската комисија посочи дека и годинава ќе продолжи темпото на пораст на јавниот долг. Според проценките на ЕУ, годинава ќе ја завршиме со јавен долг од  34,3%, а во 2014 тој ќе се искачи на 36,1% од БДП. Еврокомесарот Оли Рен неодамна изјави дека македонската економија покажува знаци на опоравување, но дека опасност за економиите ќе бидат токму задолжувањата.

“Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже за самата ЕУ, за еврозоната и за поголем број од земјите-членки на големото европско друштво. Она што не загрижува е податокот што јавниот долг продолжува да расте и во ЕУ. Годинава е прогнозиран на 89,9% од БДП, додека во еврозоната на 95,9%, иако максимум дозволено е 60% од БДП. А, долгот во некои земји е неодржлив “ - заклучи еврокомесарот Оли Рен по повод економска прогноза на Комисијата.

Токму сеуште присутната криза во Европската Унија е еден од факторите што генерираат ризици по домашната економија, вели Николов.

“Ние се наоѓама на неодржлива патека, ризиците се големи. Она што е клучно е што не гледам на кој начин владата ќе реагира на тие ризици. Прво, ризикот доаѓа од Европската Унија како социјално-економски и политички партнер на земјава. За разлика од Америка, Европската Унија почна политика на штедење како механизам во борбата против кризата. Токму оваа политика може да ја втурне ЕУ во јапонското сценарио за “изгубена економска деценија“ – објаснува Николов.

Тој посочува дека за разлика од Европската Унија, Америка се одлучи на печатење на долари, што во суштина не е проблем за американската економија, но тоа е директен удар за сите останати.

“Мислам дека и Европската Унија ќе биде во искушение и таа да направи вакви квантитативни поместувња. Во услови на вакви екстерни ризици и фактори, европските економии и натаму ќе бидат заглавени во криза а интензитетот на влијание врз македонската економија ќе биде посилен“ – смета Николов.

Две сценарија за растот на долгот

Неодамна Центарот за економски анализи објави истражување во кое се разработуваат две сценарија за натамошното темпо на задолжување на земјава. Според првото сценарио, при примарен дефицит од 2,1%, долгот на Централната Влада би надминал 40% од БДП во средината на 2015 тата година. Во второто сценарио, при примарен дефицит од 1,4%, долгот на Централната Влада побавно би се продлабочувал, со што границата од 40 отсто од БДП би се достигнала во 2018 та година. Според едно истражување што било спроведено од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд, во 2007 ма година се сугерира дека јавниот долг од 25% се смета за разумно ниво за задолжување на Македонија Бруто надворешниот долг на портата од 70 % Според последните податоци на Народната Банка,  2012 та година заврши со Бруто Надворешен Долг од 5 милијарди 163 милиони евра или достигна 69% од Бруто Домашниот Производ. Долгот на државниот сектор изнесува скоро 2,1 милијарди евра додека долгот на  приватниот сектор кон странство надмина  3 милијарди евра. Анализата на трендот на движење на Бруто Надворешниот Долг укажува на тоа дека во однос на салдото од крајот на 2011 та година, има пораст од 315 милиони евра, при што растеле надворешните задолжувања и на државниот и на приватниот сектор. Анализирано од аспект на рочноста на задолжувањата кон странство, поголемиот дел, или 3,4 милијарди евра се во форма на долгорочни обврски додека 1,7 милијарди евра се краткорочни задолжувања. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА