Експлозија во Албанија - има повредени
Објавено во: Балкан 23 Март, 2017
Во експлозија во воена база во Албанија полесно се повредени двајца војници, информираше денеска албанското Министерството за одбрана.
Експлозијата се случила претходниот ден во воената база Порто Романо. Таа е лоцирана на 40 километри од Тирана, се наведува во соопштението без да се наведуваат причините за експлозијата, пренесува АП. Албанија е членка на НАТО од 2009 година.