Експлозија во фабрика во Турција - од што се запали?
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2017
Пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија во фабрика за текстил во Турција, информираше министерката за труд, Жулиде Сариероглу.
Повредените се задржани во болница и ниту еден од нив не е во критична состојба.
Од јачината на експлозијата која се случила во делот на фабриката каде се продаваат бои, се урнал покривот, при што се оштетени возила кои биле паркирани во близина.
Агенцијата Анадолија јави дека експлозијата ја предизвикал бојлер, а надлежните истражуваат што навистина се случило.Првичните извештаи се дека петмина работници загинале, а 16 лица се повредени, меѓу кои има и граѓани кои во тој момент биле во фабриката. Отворена е истрага и формирана е посебна комисија која што ќе ги истражува причините за експлозијата.