Екстремисти планирале да го убијат Ердоган при посетата на Грција
Објавено во: Балкан 18 Декември, 2017
Повеќе членови на екстремистичка организација се уапсени во Атина во врска со заговор за убиство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган при неговата последна посета на Грција овој месец.
Весникот To Vima пишува дека девет членови на Револуционерната народноосвободителна партија-фронт планирале да го убијат Ердоган со фрлачи на гранати, бомби и молотови коктели. „Дејли Сабах“ пишува дека во групата имало и една жена.
Две групи планирале да го нападнат конвојот со Ердоган од двете страни, но да се приклучи и трета. Се верува дека оружјето е скриено на планина близу грчката престолнина.
Групата турски националисти е уапсена на 28 ноември како дел од истрагата за разни турски екстремистички организации.