Електричните автомобили ќе ја намалат побарувачката за нафта?
Објавено во: Економија 04 Декември, 2016
Електричните автомобили може да го намалат глобалното побарување на нафта за 10%.
Според Wood Mackenzie до 2035 година електричните автомобили може да ја намалат потрошувачката помеѓу 1 и 2 милиони барели дневно од пазарот.
Иако засега овие автомобили се помалку од 1% од вкупната продажба на возила, се очекува тие да се зголемат по 2025 година, бидејќи владите веќе преземаат чекори да се справат со загадувањето.
Електричните автомобили во моментов „кратат“ околу 50 илјади барели на ден.
Во петокот Атина, Мадрид, Мексико Сити и Париз се заложија да ги отстранат дизел автомобилите до 2025 година, како дел од напорите за борба со загадувањето - потег што може дополнително да ја стимулира побарувачката на електрични автомобили со нулта емисија.