19 Април, 2024
0.0267

ЕЛЕМ И СДСМ со преписки за Осломеј: Собирање на политички поени или уништување на езерата?

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„СДСМ продолжува да манифестира елементарно непознавање за функционирањето на електроенергетскиот систем и  во обид да собере ситни дневнополитички поени веќе во низа манипулира за состојбата на производните капацитети. Опозицијата брзајќи од секоја активност во електроенергетиката да прави медиумска сензација, докажува дека  не знае што е оптимизација на производството,  па пласира тези што немаат никаква врска со реалните состојби и управувањето со постојните домашни електроцентрали. Партијата очигледно ги менува своите ставови на дневна основа, а во денешното соопштение негодуваат дека се произведува енергија од домашни извори.

Во обид да се прикажат како совесни еколози, критикуваат  за нискиот водостој  на Охридското Езеро и на вештачката акумулација Тиквеш, а истовремено негодуваат дека била исклучена термоелектраната Осломеј. 

Не е точно дека ТЕЦ Осломеј откажала, ниту  пак електраната е исклучена поради дефект. Овој капацитет во изминатиот период на зголемен потрошувачки конзум и потреба од електрична енергија во целост одговори на потребите на тарифните потрошувачи.  Основна причина зошто капацитетот е надвор од електроенергетскиот систем е намалената потрошувачка на електрична енергијa. Со опаѓање на конзумот, и со реоптимизација на електраните донесена е одлука тој да се исклучи, затоа што целосните потреби од електрична енергија од почетокот на месецов, АД ЕЛЕМ во целост ги обезбедува од домашното производство и без потреба од увоз. Истовремено, во услови кога без овој термокапацитет во целост се одговара на потребите на потрошувачите, компанијата избегнува дополнителни и трошоци со оглед на тоа што специфичната производна цена на ТЕЦ Осломеј надминува 100 евра за мегаватчас“, реагираа од АД ЕЛЕМ во врска со денешното соопштение на опозицијата која обвини Раководството на ЕЛЕМ освен природното Охридско езеро, го празни и Тиквешкото езеро преку хидроелекртаната Тиквеш.

„Несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет.

Според нашите информации од неделата не работи термоелектраната Осломеј, што власта едвај ја подигна да произведува струја.

СДСМ постојано предупредуваше дека тендер политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто ја користеше ЕЛЕМ за рајски градини и лично богатење на поединци наместо за вложување во енергетксите капацитети, ќе донесат штетни последици по граѓаните и државата“, соопштија утринава од СДСМ.

На овие обвинувања од АД ЕЛЕМ посочуваат дека станува збор за уште една груба манипулација во однос на водостојот на Тиквешкото Езеро.

„Не е точно дека акумулацијата е на минимално ниво, туку согласно денешните податоци, таа е на пет метри од минималната работна кота. АД  ЕЛЕМ ниту дозволил, ниту ќе дозволи нивото да се спушти под минималната работна кота. Напротив, оваа акумулација последните денови се полни со огромен интензитет поради  забрзаното топење на снегот и огромните дотеци од Црна Река. Само во текот на вчерашниот ден водостојот во тиквешката акумулација е пораснат за еден метар, а според досегашните информации, таквиот тренд продолжува и во текот на денешниот ден поради  капацитетот на  сливното подрачје  и  порастот  на водостојот на реката Црна. Поради високите температури, топењето на снегот , но и како резултат на последните врнежи од дожд оваа акумулација и понатаму забрзано ќе се полни.  Како и секоја година, особено кога имаме врнежи од снег, обврска на АД ЕЛЕМ е да го одржува  водостојот на Тиквешката акумулација  на безбедна кота со цел да се обезбеди доволно простор во акумулацијата за прием на очекуваните дотеци.  Доколку во овој период тиквешката акумулација се одржува  на  висок водостој во опасност ќе бидат доведени обработливите земјоделски површини по течението на река Црна поради можноста од преливање.  Уште еден доказ дека наводите на СДСМ не кореспондираат со вистината дека недомаќински се трошела водата за производство на електрична енергија е тоа што од почетокот на годинава,кумулативно, хидроелектраната Тиквеш

испорачала над 27 отсто помалку енергија во однос на предвидената во енергетскиот биланс за тој период.

АД  ЕЛЕМ  во насока на целосно информирање на јавноста уште еднаш повторува дека  го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според  котата на езерото, а во согласност со референтните податоци на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ „Глобочица“. Од крајот на јануари  на сила на неодредено време е  воспоставениот режим на биолошки минимум  што подразбира испуст од 3,5 кубни метри во секунда што мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот по течението на реката Црн Дрим.  Во тој контекст, во целост ги отфрламе  политичките наводи  дека не се преземаат мерки за зголемување на водостојот на езерото.  Согласно референтните податоци на УХМР, поради превземените мерки, но и поради зголемените дотеци во последните неколку дена, водостојот на Охридското Езеро е зголемен за четири сантиметри. АД ЕЛЕМ преку својата подружница ХЕС „Црн Дрим“ и понатаму ќе ги презема сите расположливи мерки во насока на зголемување на понатамошно зголемување на водостојот на Охридското Езеро.

И на крај, АД ЕЛЕМ уште еднаш нагласува дека увозот што компанијата го вршеше во јануари не е повеќе од 6 милиони евра како што тврди опозицијата, туку изнесува точно 5,6 милиони евра и тој нема да влијае на зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малото стопанство“, стои во соопштението на Електрани Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите