24 Април, 2024
0.0291

ЕЛЕМ ТЕНДЕР НА ЗАМИНУВАЊЕ: Мицковски распиша, Анѓушев ќе стопира!

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, кој како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, чека да биде разрешен од функцијата распиша тендери вредни 80 милиони евра. Едниот тендер за набавка машини за копање јаглен во РЕК Битола, другиот за изградба на топлификација во Битола, Могила, Логоварди и Новаци. 

Мицковски, кој освен што е директор на ЕЛЕМ, беше и советник за енергетика на поранешните премиери Емил Димитриев и Никола Груевски, пред неколку дена си поднесе оставка од советничката позиција,  со образложение дека имал сосема спротивни ставови од актуелниот премиер Зоран Заев. Но, Мицковски, не поднесе оставка и од функцијата директор на ЕЛЕМ.

Мицковски не гледа ништо спорно во таквата постапка, бидејќи тендерот се подготвувал долго време, а бил планиран за годинава.

„Проектот за набавка на рударска механизација е неопходен и е предвиден во финансискиот план на компанијата од минатата финансиска година за оваа. Обезбедени се средствата преку успешната работа. Се обративме до Советот за јавни набавки, изготвивме тендерска документација, добивме позитивно мислење за комерцијалниот и техничкиот дел. И затоа не гледам никаква пречка ЕЛЕМ да не го распишува овој повик додека раководам со Управниот одбор“, изјави Мицковски.

На ова веднаш реагираше вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, порачувајќи дека тендерите ќе бидат стопирани, бидејќи Владата на ВМРО-ДПМНЕ имала 11 години да реализира проекти,  а на јавноста и е познато дека токму во ЕЛЕМ, се реализирале и најспорните и незаконски и нема да се дозволи сега тоа да се повтори.

„Не сакаме да направиме штета за граѓаните, но не сакаме повторно да се направи штета на буџетот на компанијата и на Република Македонија. Владата на Република Македонија ги има усвоено насоките на делување во полето на енергетиката, ќе инсистираме на развојни проекти во енергетиката, но постапката за објавување на јавни повици освен од управниот одбор на компанијата, мора да биде усогласена и одобрена од страна на Владата“, потенцираше Анѓушев.

Едниот тедер што го распиша ЕЛЕМ е за набавка на багери, камиони, булдoжери за копање на јaглен во РЕК Битола. Токму за истата потреба со години беа ангажирани повеќе компании да работат, за што ЕЛЕМ плаќаше, а една од нив е компанијата Трансмет на Сеад Кочан, кој сега се гони токму дека со лажна документација заедно со останатите фирми со кои направил конзорциум, добиле тендер од 18 милини евра од ЕЛЕМ. А, Мицковски, дополнително, склучи и уште еден договор со Трансмет на Кочан, додека бизнисменот беше на „службен пат“, а за него имаше распишано меѓународна потерница.

Инаку, Мицковски на позицијата директор на ЕЛЕМ, дојде пред неколку месеци, на местото на Дејан Бошковски. Во изминатите месеци се најде на удар на јавноста поради дефектите во РЕК Битола, заради кои се увезеше струја од неколку милиони евра, но Мицковски тврди дека тоа нема да ја покачи цената на електричната енергија за делот на комапнијата со која тој менаџира, бидејќи успеале да ги нивелираат трошоците. Дополнително, Мицковски, исплати заостанат К-15 за вработените за неколку години, што во јавноста се толкуваше како обид да се испразни касата на компанијата, пред заминување, но тој тврдеше дека поради добрите финансиски резултати, ЕЛЕМ, сега била во можност да им ги исплати парите на вработените и не глада ништо спорно во тоа. 

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?