20 Април, 2024
0.0253

ЕЛЕМ ТУРС: Паушално се критикува скијачкиот центар Попова Шапка

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Откако денеска група активисти покренаа иницијатива „Да ја спасиме Попoва Шапка“ ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје се јави со реакција.

Имено, оттаму обвинуваат дека паушално се критикува скијачкиот центар Попова Шапка.

„Без намера да навлегуваме во мотивите на обвинувања на неколку поединци информираме дека скијачката сезона на Попова Шапка се одвива во согласност со организациските политики на ЕЛЕМ ТУРС и без поголеми проблеми. Цела постојна инфраструктура е во функција, а скијачките патеки  се одлично подготвени.

Денес сабота, 28.01.2017 на Попова Шапка со исклучок на „Аеродром“ цела скијачка инфраструктура односно жичарите и скилифтовите работат и функционираат беспрекорно. Само денеска се продадени и искористени 1.100 билети што како податок зборува дека туристичката сезона во овој скијачки центар е во полн ек.  Нивото на сигурност и безбедност како стандард во работењето на скијачката инфраструктура е исполнето контролирано и сертифицирано од за тоа овластени тела. Се до реализација на инвестициите кои ги водиме, скијачкиот центар мора да работи со постојната опрема и капацитет и наша краткорочна цел е тоа да биде одржливо за пристојно скијање и релаксација оваа сезона“, истакнуваат од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје .

Оттаму потенцираат и дека е точно дека скијачката инфраструктура е застарена, како што е вистина дека ЕЛЕМ ТУРС има план за развој на Попова Шапка. 

Убедуваат дека планот е веќе почнат и со реализација на терен со изградбата на шестоседата жичара која е во тек. „И проектите како што се проширување на паркинзи, реновирање на хотелите, систем за заснежување се целосно подготвени и нивнат реализација се одвива  во динамика која што не е целосно зависна од инвеститорот, туку од сплет на услови кои по својата природа се институционални,  регулаторни,  имотно правни и геолошки и не зависат од волјата и политиките на ЕЛЕМ ТУРС.

Сепак со верба дека иницијаторите имаат чесни намери и иницијативата е произлезена од нивната грижа за подобро работење и услови за функционирање на Попова Шапка, ги повикуваме на непосреден состанок во дирекцијата на друштвото каде ќе ни претставува задоволство да размениме наши позитивни и негативни искуства, што можеби ќе резултира со воспоставување соработка и помош во промоција на Попова Шапка како зимска дестинација и кои со идеи можат да придонесат во решавање на тековните проблеми  во интерес на сите посетители на  најголемиот скијачки центар во Република Македонија“, стои во нивната реакција во која на крај велат дека стојат на располагање за сите потребни информации.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција