20 Април, 2024
0.0265

ЕЛЕМ ТВРДИ: Вишоците електрична енергија ги обезбедуваме од сопствени средства

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата  и  помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија  се одвива редовно  и  во согласност со потребите.  Во изминатите 24 часа  целосно е одговорено на потребите на конзумот  со оптимизација на домашните производни  капацитети, и преку набавка на електрична енергија во часовни периоди од денот  кога се бележи најголема потрошувачка.  Во текот на вчерашниот ден е регистриран преку 30 проценти поголем конзум од вообичаениот за предметниот период, а измерената температура за тој период  била 15 степени пониска во однос на  просекот за последните пет години.

Сите расположливи капацитети за производство на електрична на АД ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб страна  се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика. И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се прилагодува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот пазар.

Временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената  побарувачка и потрошувачка,  како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа,  директно влијаат и на цените на електричната енергија.  Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон  Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји.

АД ЕЛЕМ повторува  дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период.  Средствата за таа намена АД ЕЛЕМ во целост ги обезбеди од сопственото работење. 


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга