28 Март, 2024
0.0266

ЕЛЕМ: Зголемениот хидропотенцијал максимално го користиме во производство на струја

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

АД „Електрани на Македонија“ соопшти дека секојдневно внимателно ја следи состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.

Целта е хидроелектраните целосно да ја обработат  водата која надоаѓа во акумулациите, и при тоа да се одржува водостојот на дозволеното и безбедно ниво.

„За таа цел се оптимизира процесот на производство на електрична енергија, односно зголемено е ангажирањето на хидрокапацитетите како максимално би се искористиле хидропотенцијалите, додека намалено е производството од термокапацитетите со цел на зачувување на јагленот како енергенс за производство на електрична енергија и намалување на трошоците за производство“, велат од ЕЛЕМ.

Заради намалување на трошоците на производство и зачувување на јаглен, од електроенергетскиот систем на Република Македонија исклучена е термоелектраната „Осломеј“, а во наредниов период, во зависност од потребите и расположливиот хидропотенцијал, производството на трите термоблокови во РЕК „Битола“ дополнително ќе се оптимизира.

„Нивото на Охридското Езеро во согласност со мерењата на АД ЕЛЕМ и УХМР, само во последните 48 часа е зголемено за осум сантиметри, но е под максимално утврдената работна кота на езерото. АД ЕЛЕМ превзема мерки за намалување на нивото со координирана работа на хидроелектраните Глобочица и Шпилје„, велат од ЕЛЕМ.

Акумулациите на АД ЕЛЕМ, додаваат, и во наредниот период ќе имаат простор да ги прифатат и обработат зголемените дотоци на вода.  Акумулацијата „Маврово“ е исполнета со околу 49 отсто од целиот капацитет, езерото Тиквеш 85,17, додека акумулацијата  „Козјак“ заклучно со денеска е на ниво од 70,83 отсто исполнетос

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?