23 Април, 2024
0.0269

Елитата и покрај силниот снег се собра во Давос

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Давос е туристичко место во источна Швајцарија, каде секоја година почнувајќи од 1971 година се организира Светскиот економски форум, собир на највлијателните светски политичари и економисти. Најважни се неформалните собири. Околу 5 илјади војници го контролираат комплетниот простор околу зданието каде што ќе се одржува Форумот. Во Давос, ќе бидат најголемите светски моќници. На последниот ден од самитот се очекува обраќање да има и претседател на САД Доналд Трамп. На Форумот, меѓу другото најавени се специјални обраќања на премиерот на Индија, Нарендра Моди, премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Италија, Паоло Џентилони, канцеларот на Германија, Ангела Меркел, претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Прва препрека за учесниците на форумот во Давос - обилниот снег

Глобалната економија и геополитичката напнатост на стартот на самитот во Давос како да останаа во втор план, откако пред годинашниот самит на светските политички и бизнис лидери се појави поитен проблем - обилен снег, кој се закануваше да го „завее“ собирот. Голем број од околу 3.000 учесници на самитот завчера вечер имаа проблем да стигнат до швајцарскиот зимски центар. Дел од главната железничка пруга за Давос во текот на викендот беше покриена со снег, поради што многумина мораа да користат автобус, а хеликоптерите беа исклучени поради слаба видливост. Некои состаноци најавени пред почетокот на самитот беа откажани или одложени, додека првите гости со куфери се пробиваа низ улиците покриени со снег, барајќи ги хотелите или чекајќи шлеп служба да ги извлече нивните возила. Адријан Монк, шеф на прес-службата на Светскиот економски форум, изјави дека ова се најсилните снежни врнежи за време на одржување на собирот во Давос, по врнежите во 1999/2000 година. Монк вели дека повеќе станува збор за непријатност, отколку вистинска закана за одржување на собирот. Сепак, на падините околу Давос има голема количина снег, поради што некои експерти предупредуваат на опасност од лавина.

Давос сепак стартуваше и покрај снегот

Во Швајцарскиот град Давос започна Светскиот економски форум, на кој повеќе од 3000 светски лидери и бизнисмени расправаат за намалување на разликите меѓу богатите и сиромашните. Темата на годинешниот форум е „Да се гради заеднична иднина со расцепканиот свет“. Светски економски форум ќе го одбележат и разговори околу геостратешките предизвици, примената на вештачката интелигенција во здравството како и ризиците за финансиските пазари. Самитот започна со обраќање на индискиот премиер Нарендра Моди, кој го критикуваше подемот на протекционизмот.Моди, во првиот говор на форумот не го спомена Трамп по име, но го критикуваше подемот на протекционизмот во забелешките дадени три дена пред обраќањето на американскиот претседател на самитот.

„Наместо глобализација, се развива моќта на протекционизмот“, рече Моди, говорејќи на хинду.

„Нивната желба не е само да се спасат од глобализацијата, туку да го променат природниот ток на глобализацијата“, додаде Моди. Тој во Давос дојде со голема владина и деловна делегација, со цел да ја покаже Индија како брзорастечка економска сила и потенцијален двигател на глобалниот раст.

Доналд Трамп ќе биде првиот американски претседател кој е дел од самитот после Бил Клинтон кој учествуваше во 2000 година

На учесниците исто така ќе им се обрати и Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој се враќа на форумот по 20-годишно отсуство. Меѓу другите присутни лидери на Форумот се и премиерката на Велика Британија Тереза Меј, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва. Во петок, на последниот ден од самитот се очекува обраќање да има и претседател на САД Доналд Трамп, кој ќе биде првиот американски претседател кој е дел од самитот после бил Клинтон кој учествуваше во 2000 година. Светскиот економски форум годинава номинираше седум жени за копретседавачи, меѓу кои и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и Џини Ромети, раководителка на Ај Би Ем.

Најмладиот учесник во Давос е 23-годишниот компјутерски експерт Фостер Авинтити Акугри од Гана

Најмладиот учесник на овогодинешниот настан во Давос е 23-годишниот компјутерски експерт Фостер Авинтити Акугри од Гана. 

Фостер е основач на “HACKLAB”, непрофитна организација која промовира технологија во Гана и ги поттикнува младите луѓе да дизајнираат разни технолошки решенија кои можат да помогнат во решавање на локалните проблеми, а истовремено и да создадат нови работни места. Тој на 48-то издание на “WEF” ќе има прилика да се запознае со другите влијателни луѓе од Африка и светот. Секоја година, “HACKLAB” организира хакатон на кој учествуваат повеќе од 200 студенти од 12 различни училишта. На овој настан, учесниците имаат можност да се запознаат со директори на технолошки компании, професори и инвеститори. Растот на организацијата на Фостер е експоненцијален уште од самиот почеток во 2016 година, кога “HACKLAB” имал само 70 учесници. Денес оваа заедница брои повеќе од илјада луѓе. Фостер верува дека секое дете или млада личност има право да биде она што посакува во животот, а тоа може да го постигне единствено доколку има еднакви права со оние кои се во предност. На Светскиот економски форум, 23-годишното момче од Гана ќе биде во улога на “глобален обликувач” (Global Shaper), односно ќе ја претставува заедницата на млади луѓе кои со своите достигнувања пробуваат да го променат светот. Секоја година во Давос има 50 припадници на младата заедница кои дискутираат со другите учесници и влијателни луѓе.

5 илјади војници го контролираат местото каде се одржува форумот

Самитот го обезбедуваат голем број на вооружени лица, според проценките околу 5 илјади војници го контролираат просторот каде се одржува форумот.  Според новинарите, дури иако сте акредитирани ќе морате мора да поминете низ долга безбедносна процедура за да влезете во комплексот. На жителите на Давос им било препорачано да не се движат премногу низ градот додека трае Форумот, односно доколку излезат, да бидат подготвени за невообичаени проверки и контроли.

„Ќе ве молиме за разбирање поради организацијата на одржувањето на Форумот и поради сите проверки низ кои што ќе морате да поминете“, апелираат швајцарските власти кои што се проценува дека целокупната организација на Форумот ќе ги чини околу 28 милиони швајцарски франци.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна