Елитниот туризам во Чешка зема залет, Прага најинтересна за странците
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013
Расте бројот на туристи во чешките хотели и кампови каде лани се сместиле вкупно 13,65 милиони гости, оносно за 5,8 проценти повеќе од 2011 година.
Како што покажува Извештајот на Чешкиот завод за статистика, расте и бројот на ноќевања за 3,5 проценти на 39,6 милиони за 2012 година.
Порастот на посети и ноќевања се должи пред се на туристите од странство, чиј број е речиси 7,2 милиони. Најголем пораст забележале хотелите со пет ѕвезди каде лани биле сместени над 1,05 милиони гости односно во споредба со 2011 година за повеќе од 8,8 проценти.Најчести гости во Чешка биле туристите од Германија и Русија, кои вообичаено ја посетуваат Прага.