Емел Рамковска вели дека ќе бараат повторно да се отвори случајот А1
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017
Ми одредија притвор од 30 дена и мислевме дека ќе заврши лудилото, но следуваше и уште еден, па уште еден притвор. Толку беше страшно тоа што се случи што бевме среќни што сме живи, изјави ќерката на бизнисменот Велија Рамковска во Топ Тема на Телма.
Таа рече дека сега кога се најавуваат промени во судството односно враќање на независноста и професионалноста, ќе ги бараат истите докази што биле користени против нив за да се отвори случајот повторно и да ја истераат правдата на виделина.
„Во затворот во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволи да ги видам моите деца. Имав некои лекарски прегледи и тогаш само можев да ги видам. Морав да им ја кажувам приказната дека ние сме јаките и се бориме против лошите“– раскажува Рамковска.
За Велија рече дека е многу храбар човек, но дека никој не можел да превиди како процесот ќе заврши.Рече дека целта беше да се затвори телевизијата.
Таа во случајот „Пајажина“ беше осудена на 6 години затвор, и ја одлежа казната.