„Енекод“ и со формална понуда за ФЕНИ - Ќе се избегне ли стечај?
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2017
Енекод доставил формална понуда која сега банките мора да ја земат во предвид и да ја оценат но, не се исполнети сите поставени услови, меѓу кои и исплата на заостанатите плати на вработените на ФЕНИ.
Банките доверители утрово информираа дека добиле маил од Г-динот Рајчо Кацаров од Енекод, со кој покрај писмено доставување на понудата за превземање на Фени, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените во Фени.
Енекод до денес има можност да покаже сериозност во намерата да го презеде раководењето со ФЕНИ Индустри доколку достави квалитетна понуда до трите банки доверители кои ја поведоа постапката за стечај.Рочиштето за стечај на „Фени“ е закажано за денес во 12 часот во Основниот суд во Велес а група вработени во фабриката најавија дека ќе се појават пред судот во знак на поддршка за наоѓање решение за „Фени“.
Последна шанса за Енекод да го земе ФЕНИ, банките се сомневаат