23 Април, 2024
0.0286

ЕП побара од големите корпорации да овозможат јавен пристап до даночни информации

Објавено во: Финансии 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Големите корпорации треба да направат јавно достапни информации за тоа колку даноци плаќаат и во кои држави. Тоа го одлучи Европскиот парламент по дебата и гласање во пленарната сала во вторникот.

Европратениците го поддржаа предлог, со што ќе ги задолжат мултинационалните компании да ги пријават своите даноци во секоја држава во која работат. Можни се исклучоци во случаи на чувствителни комерцијални информации. Целта е да се зголеми транспарентноста на оданочување и да се обезбеди на општеството јавно достапна информација за тоа колку и каде плаќаат даноци мултинационални компании.

Јавен пристап до даночни информации 

Според предложените мерки информациите за оданочување на мултинационални компании со годишен обрт од над 750 милиони евра ќе биде објавен во општ образец во секоја даночна јурисдикција во која оперира компанијата или нејзина подружница. Компаниите исто така се обврзуваат да увезуваат декларација и во јавен регистар, управуван од ЕК. 

Информациите ќе вклучуваат:

- името на фирмата, листа на сите подружници, краток опис на природата на нивните активности и географска локација; 

- бројот на вработени, вработени по еквивалент на полно работно време; 

- големината на нето промет; - објавениот капитал; - продажба и купување; - големината на даноците платени во финансиската година од фирмата и нејзините подружници кои вршат дејност во секоја даночна јурисдикција како рамките на Европската унија и надвор од неа; 

- вредноста на генерираните приходи;

 - дали компаниите, ќерките подружници или филијалите уживаат повластен даночен третман.

 Европратениците ги поддржаа мерките за заштита на компании во случаи на чувствителни комерцијални информации. 

Тие предвидуваат земјите членки да можат да овластат еден или повеќе елементи од информации привремено да бидат пропуштени во декларацијата. Исклучоците ќе бидат обновувани секоја година и ќе се применуваат само во даночната јурисдикција на државата членка која обезбедува ослободување. Откако некоја земја членка обезбеди исклучок, таа мора да ја информира доверливо Европската комисија за избегнатите информации, како и детално објаснување на исклучокот. Комисијата ќе објави на сајт и секоја година листа со фирмите кои добиле исклучоци и кратки објаснувања на причините.

Парламентот, исто така поддржа измени кои поставуваат ограничувања на исклучоците за обезбедување на даночни информации од страна на компании. Една од измените ги обврзува компаниите кои ќе го изгубат правото на исклучок, веднаш да ги направат јавно достапни информациите. Фирмите исто така ќе треба да аплицираат секоја година за обновување на исклучоците

Откако Европскиот парламент го одобри проектот на извештајот со 534 гласа "за" наспроти 98 гласа "против", 62 "воздржани", тој ќе биде вратен во комисиите, за да започнат преговорите со Европскиот совет во рамките на договорот на прво читање врз основата на добиен мандат во пленарна сала.

Избегнување на плаќање на корпоративните даноци, според пресметките на ЕК ги чини земјите од ЕУ меѓу 50 и 70 милијарди евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА