20 Април, 2024
0.2153

ЕПП загрижена за Македонија и Балканот, проширување на ЕУ нема да има скоро

Објавено во: Македонија, Балкан 14 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна групација во Европскиот парламент е загрижена за состојбата во Македонија, Косово и во Босна и Херцеговина, како и на целиот Балкан, изјави претседателот на ЕПП во европскиот законодавен дом, Манфред Вебер. 

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, според германскиот политичар на чело на најголемата европска политичка партија, ЕПП е посебно загрижена затоа што работите се влошуваат, тензиите се зголемуваат на Балканот. Како што рече Вебер, Европската унија не може да вети нешто повеќе со оглед на тоа што проширувањето на Унијата нема да се случи следните години, па и, според него „ниту во следната деценија“.

„Неодамна бев во Хрватска и дискутирав со нивниот претседател и со спикерот на Парламентот за состојбата во регионот. Алармантни се состојбите во Босна и Херцеговина, Македонија и на Косово. Работите таму се влошуваат и гледаме зголемени тензии. Загрижени сме за Балканот, бидејќи го сметаме за дел од Европа“ - вели Вебер.

Според него,  поголем проблем за земјите од балканскиот регион е тоа што ЕУ нема што да им понуди:

Вели дека проширување нема да има следните години, а можеби и следната деценија. 

Вебер се осврна и на случувањата поврзани со Турција. 

На денешниот брифинг со новинарите во Стразбур, германскиот европратеник истакна дека посебно загрижува развојот на настаните во Турција и нападите над земји-членки на ЕУ и во целост на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите