24 Април, 2024
0.0255

Ер Србија има големи трошоци и зависи од државните субвенции

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во самиот Etihad не цветаат рози и нивниот план за купување на превозник во проблеми и да го застанат на нозе се покажа неуспешен. 

Во март српскиот национален превозник Ер Србија ја укина линијата за Истанбул. 

Неодамна беше соопштено дека заради намалување на трошоците во октомври се крати и линијата кон Абу Даби, и тоа беше прва линија која беше воспоставена со стратешко партнерство меѓу ЈАТ и Etihad во 2013 година. 

Тоа значи дека авионот  A319 наместо до Абу Даби ќе лета на пократки релации, а со тоа ќе бидат оптимални и трошоците, стои во соопштението на Ер Србија. 

Тоа значи дека превозникот во кој државата има 51% од акциите, а  Etihad 49%, ќе вметне во A319 авионите и А320  потесни седиштата и ќе придонесе за зголемување на капацитетот и користење на авионите.  Според економистот Драгован Миличевиќ, очигледно е дека Ер Србија има преземено мерки во одбрана на бизнис стратегијата да се намалат трошоците, наместо зголемување на приходите, пишува Данас.

Примери се Јат и Корација ерлајнс

„Компанијата не може да ја одржи политичката приказна за зголемување на линии до Америка, Кина. Ер Србија има големи трошоци, а само варијабилните трошоци во 2015 година изнесувале 78%. Од друга страна само фиксните трошоци на компанијата се 7.5 милијарди динари. 

Во 2015 година на компанијата и беа потребни приходи од 100 милијарди динари за да биде на нула, ако не се сметаат државните субвенции. Овие субвенции ќе завршат во 2018 година, а консултантот Махмуд Бушатлија смета дека баш заради тоа се укинуваат линии и се прави реорганизација. 

„Нема веќе субвенции и мора да се води сметка за трошоците. Инаку,  Etihad ја задржа таа линија, а Ер Србија останува да ги донесува патниците од регионот до Белград од каде тие ќе ги преземаат“ - вели тој. 

Миличевиќ вели дека Ер Србија може да работи успешно без субвенции како што тоа го прават ЈАТ и Кроација ерлајнс. 

Останува прашањето како да се справат со конкуренцијата, особено со нискобуџетните компании. 

Во прашање е и линијата до Њујорк за што треба да се види колку е повратниот билет и колкава е пополнетоста. 

Миличевиќ смета дека нема доволно патници за овие летови. 

Линијата за Њујорк нема да биде профитабилна и тоа три години, соопшти и српскиот премиер, Александар Вучиќ.  

Ер Србија како субвенции во 2015 година доби 49 милиони евра, а во 2014 година тоа беа 70 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?