Ер Србија отпушта уште 100 луѓе
Објавено во: Балкан 29 Август, 2017
Откако пред неколку недели Синиша Мали од Надзорниот одбор соопшти дека 30 луѓе ќе добијат отказ, направен е список на уште 100 луѓе од 1600 вработени кои се вишок во Ер Србија, пишува Политика.
Од новиот менаџмент Етихад во Ер Србија добиле упатство дека мора да штедат и дека имаат вишок трошоци.
Дел од персоналот ќе оди на неплатено отсуство за да се намалат трошоците.
Весникот пишува дека од Ер Србија не дале прецизен одговор дали овие 100 луѓе ќе бидат прогласени за технолошки вишок.
Додаваат дека поради сезонски фактори бројот на вработени се намалува или зголемува.
Како пример наведуваат дека тоа се чартер летови, резервации на билети онлајн, нови платформи и слично.
Од Ер Србија велат дека зависно од должината на траењето на проектот и процесот зависи и ангажманот на овие лица.
Весникот пишува дека Синиша Мали не одговарал на нивните повици.