ЕРДОГАН БЕСЕН: Турски хеликоптер се урна во Сирија
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2018
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турски воен хеликоптер е соборен за време на воената офанзива на Анкара против курдската милиција во северна Сирија.
Тој на средба со членови на неговата партија во Истанбул изјави дека Турција е во војна и вакви работи се случуваат.
„Еден од нашите хеликоптери беше соборен“- рече Ердоган без да каже кој е одговорен.
Тој се закани дека виновниците ќе платат повисока цена.
Ердоган не спомна дали има жртви и не даде други информации за инцидентот.
Агенцијата „Анадолија“ објави дека инцидентот се случил во јужната покраина Хатај.
Уривањето на хеликоптерот го потврди и портпаролот на Курдските единици, Мустафа Бали, во Африн.
Ова е првпат официјално да биде потврдено дека е соборен турски авион во Сирија, за време на граѓанската војна во земјата, која трае веќе 7 години.
Турција минатиот месец започна воздушна и копнена офанзива против курдските борци во сирискиот регион Африн.