29 Март, 2024
0.0330

Ердоган го критикувал Лозанскиот договор - врз основа на него Грците ги земале островите

Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Aтина ја оценува како провокативна изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган дека Лозанскиот договор од 1923 година, кој ги дефинира современите граници на Турција, ја оштетил неговата земја, соопшти грчкото издание Нуз.ин. 

Пред регионалните шефови, Ердоган го критикувал Лозанскиот договор и рекол дека тој е штетен за Турција и дека врз основа на него на Грците им биле дадени островите.

„Противниците на Турција во Првата светска војна не принудија да потпишеме го Севрскиот договор од 1920 година и не натераа да го потпишеме Лозанскиот договор од 1923 година, откако се обидоа да не измамат, претставувајќи го овој договор како победа. Но, сѐ е разбрано. Во Лозана ние и ги дадовме на Грција островите во Егејското море, чии викотници се слушаат и на нашите брегови. Таму има наши светињи и наши џамии. Овие проблеми се појавија заради оние кои биле на преговарачката маса во Лозана и не успеале да ги заштитат нашите права“ - рекол Ердоган.

Со тоа, зборовите на Ердоган ја оптоваруваат дополнително веќе тешката клима во односите меѓу Грција и Турција, изјави Дора Бакојани, координатор за надворешна политика и одбрана на партијата Нова демократија.

Таа го повика грчкото МНР да реагира веднаш, истакнувајќи дека секое оспорување на постоечките договори, кои се основа на грчко-турските односи, крие само проблеми за утрешниот ден.

Парламентарниот претставник на Демократскиот блок, поднесен од партиите ПАСОК и Демократската левица ДИМАР, рече дека „опиеноста“ на Ердоган од неговата победа против пучистите не претставува оправдување за неговите луди изјави откако го повикува веднаш да прекине со неодговорната политичка тактика која тој ја остварува поради домашна потрошувачка.

Во својата порака грчката комунистичка партија вели дека изјавите на Ердоган се опасни и провокативни и се во рамките на системскиот напор на турското раководство да ги оспори егејските острови и воопшто границите и суверените права на Грција.

За возврат партијата Потами истакнува дека по обидот за воен удар против него Ердоган очигледно чувствува потреба да ја подигне самодовербата на некои луѓе во земјата, создавајќи тензии во односите со Грција. „Повикуваме Турција да не се обидува да создава ново жариште на тензии, откако ќе оспори меѓународен договор кој го уредува прашањето на сопствените граници и на малцинствата и да ги почитува ставениот од неа потпис во Лозана“, се вели во соопштението на политичката сила.

Сојузот на центристите прокоментира дека изјавите на турскиот претседател за оспорување на договорот од 1923 година ги торпедира грчко-турските односи, го прекинуваат европскиот пат на Турција и ја враќаат кон нејзината улога на проблематично лице на Балканот.




Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?