ЕРДОГАН И ПОРАЧА НА ЕУ: Вие не сте ни потребни, имаме план Б и Ц
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2017
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека за Анкара ќе биде утешно ако Европската унија (ЕУ) отворено каже дека не може да ја прифати Турција во членството.
Ердоган рекол во емисијата HARDtalk's на БиБиСи дека Турција е способна да стои на свои нозе. Тој рекол дека ЕУ не е незаменлива за Турција, како и дека во случај на одивање на Брисел ќе прејде на план Б и Ц.
„Европската унија не ни е неопходна...Ние сме опуштени“, навел Ердоган.
Турскиот претседател исто така ги отфрлил наводите за апсењето на 150 новинари, наведувајќи дека во притвор во Турција се наоѓаат само две лица со новинарски легитимации.
Неговиот одговор следи во момент кога турските власти го продолжиле притворот за локалниот директор на организацијата за човекови права Амнести интернешенал и уште девет лица , што предизвикало критики на меѓународната заедница. Уапсените се осомничени за членство во вооружената терористичка група, но не е јасно која.