Ердоган и Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2018
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Еродган и претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговараа за ситауцијата во Сирија.
Телефонскиот раговор го насочиле кон прашања за процесот на воспоставување нови набљудувачки места во сирискиот град Идлиб како и за регионот Африн, каде Турција почна воена офанзива против курдските милиции, кои се поддржани од САД.
- Во разговорите за ситуацијата во Сирија, посебно внимание беше посветено на начините за натамошно подобрување на соработката во формат Астана (мировни преговори за Сирија одржани во Астана меѓу Русија, Турција и Иран), соопшти Кремљ.