Ердоган им даде „двојка“ на Американците
Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им испрати јасна порака на САД дека не им се потребни со што долгогодишното стратешко партнерство е доведено во прашање, а масло на оганот додаде американската поддршка за курдрските вооружени сили кои се борат во Сирија.
– Немаме потреба од вас. Доволно стоиме цврсто, порача Ердоган додавајќи дека САД планираат „да формираат терористички коридор на јужните граници“ на Турција.
Ердоган нагласи дека Турција води „втора ослободителна војна“ соочувајќи со удари „и од внатре и од надвор“, при што ги обвини САД дека ги користат своите „пиони“ за да и се спротивстават на земјата.
– Кој може да гарантира дека терористичкито коридор ќе е за борба против Исламската држава (ИД). Целта на терориситчкиот коридор е да се опколи Турција, додаде Ердоган.
Според него, САД се обидуваат да ја „турнат Турција на колена со примена на валкани планови и со помош на терористички органмизации“.
Ердоган најави и дека во иднина турската полиција повеќе нема да носи пиштоли од американско производство, туку полицијаците ќе бидат опремувани со оружје произведено во Турција.