25 Април, 2024
0.0286

Ердоган ја нарече Холандија „банана република“

Објавено во: Балкан 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот Претседател Реџеп Тајип Ердоган, соопшти дека Холандија дејствува како „банана република“ и треба да биде санкционирана поради забраната за агитирање, која наложи на турски министри забрана до територијата на земјата.

„Европа кажа  ли нешто? Не. Зошто? Затоа што не се гризат меѓусебно. Холандија дејствува како банана република“, рекол Ердоган во говорот во Коџаели.

„Ги повикувам сите меѓународни организации во Европа и во светот да и наметнат санкции на Холандија“ рекол лутиот турски претседател. Во саботата Ердоган ги нарече Холанѓаните „нацистички остатоци“ и „фашисти“.

Следниот ден премиерот Бинали Јилдирим вети дека Турција ќе го возвратат ударот „на најжесток начин“, но без да прецизира како.

Ердоган упати поглед кон големиот број Турци кои живеат во Европа и особено во Германија и Холандија, во обид да си ја обезбеди победата на претстојниот референдум, кој ќе обезбеди нови овластувања на претседателската институција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја нарече Холандија „столицата на фашизмот“.

Холандската влада му забрани на Чавушоглу да слета во Ротердам, а малку подоцна, не и допушти и на министерката за семјени прашања Фатма Каја, насочувајќи ја обратно кон Германија. Полицијата во Холандија користела кучиња и водени топови за да ги растера стотиците демонстранти, кои вееја турско знаме пред конзулатот во Ротердам. Некои од демонстрантите фрлаа кон полицајците со шишиња и камења.

Холандскиот премиер Марк Руте одби да и се извини на Турција, нарекувајќи го нејзиното барање како „нездраво“. „Се наоѓаме во целосно невидена ситуација во која наш сојузник во НАТО, со кој имаме историски врски, силни трговски односи, се однесува на целосно неприфатлив, неодговорен начин“, истакна Руте .

Тој предупреди дека Холандија ќе реагира ако Турција продолжи со острите изјави на нејзина адреса.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)