Ердоган побара Истанбул да стане центар на ОН
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2016
Истанбул треба да биде центар на ОН. Ова го изјави шефот на Турција Реџеп Тајип Ердоган во писмената изјава по повод 71-вата годишнина од создавањето на меѓународната организација, соопштија локални турски медиуми.
По последователното зголемување на придонесите за буџетот на ОН во последниве години, Турција вложува сериозни напори за да стане Истанбул, кој е пресекот на континенти и цивилизации, во центарот на ОН, тврди Ердоган, додавајќи притоа дека Истанбул ќе ја исполни „мисијата и целите на ОН“.
„Веруваме дека со античката историја, културното богатство, стратешка локација и природните убавини, како центар на организацијата, Истанбул ќе обезбеди критичен придонес кон мисијата и целите на ОН“, изрази увереност турскиот претседател.
Повторувајќи ја фразата дека „светот е повеќе од пет“, Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да инсистира на реформи во ОН.