ЕРДОГАН СЕ ЖАЛИ НА МНОГУ ПОГЛАВЈА: Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на ЕУ
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2017
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган излезе повторно со критики кон Европската Унија.
Турција е принудена да „ползи“ пред вратите на Европската Унија, изјави Ердоган за време на собирот на бизнис лидерите во Истанбул.
Ова беше одговор на прашањето, дали Турција и понатаму треба да ја „моли“ ЕУ и да бара од неа да ја прими.
Ердоган ги критикуваше сè поголемиот број поглавја кои се неопходни за преговорите за пристапување кон европското семејство.
„Ако претставниците на ЕУ продолжат со својот првичен и позитивен став кон нас, можеме да продолжиме. Но, доколку престанат да го прават тоа тогаш ние можеме сами да се снајдеме“ - изјави турскиот претседател.
Турција веќе 54 години настојува да влезе во Унијата, додека земји кои подоцна аплицираа за членство или се економски нестабилни веќе се дел од ЕУ.