Ериксон стана популарен во Македонија, но пропаѓа на пазарот
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2016
Ериксон ги предупреди инвеститорите дека во последниот месец ќе се соочи со драматичен пад на прометот од неверојатни 90% со оглед на се помалите трошења кои ги прават мобилните оператори, а имплементацијата на новата инфраструктура за 5G мобилната мрежа се уште е години наназад пред имплементација.
Затоа Јан Фрикхамер, привремениот директор на Ериксон реши, да ги спушти цените на опремата за да привлече повеќе мали мобилни оператори кои немаат огромни буџети за инфраструктура како Т-Мобиле, Спринт, Веризон, АТ и Т, како и канадските Бел и Роџерс.
Ниту во Европа не им цветаат рози бидејќи состојбата е многу слична, но предноста им е во тоа што добија доверба од Европската комисија за поставување на 5G мрежата па доколку издржат за неколку години ќе имаат добар кам бек на пазарот.