„Етно-Вешта жена“ во Илинден, парите одат за хуманитарни цели
Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2013
Во Домот на култура „Илинден“ во населбата Илинден денеска ќе се одржи хуманитарна манифестација „Етно – Вешта жена“, по повод христијанскиот празник Свети Јован. На манифестацијата која има натпреварувачки карактер, учество ќе земат 50 жени од 12 населени места од Општина Илинден кои ќе подготват македонски традиционални јадења и ќе ги презентираат пред гостите кои ќе можат да ги купат.
Настанот има хуманитарен карактер, а собраните пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Општината.