29 Март, 2024
0.0259

ЕУ и западниот поредок би можеле да се урнат до 2040 година?

Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија и западниот поредок би можеле да се урнат до 2040 година, се наведува во интерната студија на германската војска. Оваа анализа e дадена на увид во германскиoт весник „Шпигл“.

Германската војска проценува дека Европската унија и западниот поредок би можеле да се распаднат во наредните децении.

Во документ од 102 страници, насловен како „Стратешка перспектива 2040“, кој кон крајот на февруари оваа година го усвоил Министерството за одбрана и оттогаш се чува во тајност, Бундесверот првпат во историјата разгледува како општествените трендови и меѓународни конфликти би можеле да влијаат врз безбедносната политика на Германија во следните децении, пишува „Шпигл“.

Студијата обработува шест можни сценарија од кои најлошиот е под име „ЕУ во распаѓање, а Германија во реактивен од“ и предвидува можност за „поголеми конфронтации“.

Се наведува дека меѓународниот поредок се урива по „децении нестабилност“, вредносните системи го губат своето влијание, а глобализацијата е запрена. 

Како што се наведува, „проширувањето на ЕУ во голема мерка е заборавено“ како идеја, а Унијата ја напуштаат уште некои земји.

„Проширувањето на ЕУ ќе биде во голема мера напуштено, а другите земји ќе ја напуштат заедницата. Европа ќе ја изгуби својата глобална конкурентност“- се вели во извештајот.

Пореметувачкиот, понекогаш хаотичен свет склон кон конфликти ќе ја смени безбедносната средина за Германија и Европа, стои во анализата. 

Во друго сценарио: „Запад против Исток“, неколку земји од источна Европа ќе ја замрзнат европската интеграција, додека други ќе се приклучат кон Источната унија. Во сценариото „Мултиполарна трка“, се зголемува екстремизмот и како неколку земји на ЕУ се движат кон рускиот политички модел.

Во документот се истакнува дека се осмислени сите можни сценарија, „можни за реализација до 2040 година“. 

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест