29 Март, 2024
0.0552

ЕУ: Ако се намалат провизиите за плаќање со картички ќе „зачуваме“ повеќе од 700 милиони евра

Објавено во: Свет 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

ЕУ е со намера да ја ограничи провизијата за користење на банкарските картички со цел да има помала цена при плаќање со дебитна или кредитна картичка. Со тоа годишно би се „зачувале“ повеќе од 700 милиони евра кои граѓаните денес ги плаќаат „на сметка“ на употреба на картичките. Како што пишува Дојче Веле, Европската комисија направила проценка дека моменталните банкарски маржи за плаќање со картички, кои се движат и до 1,5 отсто од вредноста на трансакцијата, се неусогласени и високи, што доведува до повисоки цени на производот и нанесува штета на конкуренцијата на европскиот пазар. „Предлагаме да се намалат меѓубанкарските давачки за домашното и прекуграничното плаќање со дебитни и кредитни картички, и тоа на 0,2 отсто од цената за дебитни и 0,3 отсто за кредитни картички“ - изјави европскиот комесар за трговска политика и услуги Мишел Барние. Планот на Европската комисија е предлогот, доколку биде усвоен од Европскиот парламент и земјите членки, да стапи на сила во 2015 година. Според извештајот на Европската комисија во 2011 година во ЕУ циркулирале 730 милиони банкарски картички. Скоро секој кој има отворена сметка во банка во ЕУ има и дебитна картичка, додека 40 отсто од тие имаат и кредитна картичка. Ограничувањата кои ги предлага Европската комисија не се однесуваат на „поскапите опции“, како што се деловните кредитни картички или тие кои директно, а не преку банка им се нудат на граѓаните, како што е Американ Експрес. И додека здружениијата на европски потрошувачи ја поздравуваат оваа иницијатива, банките, со помал ентузијазам, порачуваат да се одржи систем во кој банките директно со продавачите ќе се договорат за провизијата.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?