25 Април, 2024
0.0351

ЕУ ДЕЦИДНО ОДБИ: Грчките острови нема да добијат безвизен статус

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Грција побара од ЕУ да овозможи слободно влегување на туристи од Турција, Русија и Иран на островите во Егејското Море или да се поедностават визните формалности за нив, но Европската комисија го одбила предлогот.

Според грчката страна овие мерки ќе го поттикнат туризмот на крстарење во овој дел на Егејското Море и ќе им помогнат на островите да ја обноват својата економија (островот Кос, Самос, Хиос, Лезбос и др.), откако беа погодени од приливот на мигранти и бегалци .

Но Европската комисија одби да ги поедностави правилата за влез, а исто така не ја продолжи специјалната визна програма за турски посетители, која делуваше од 2012 година . Како дел од овој пилот проект, граѓаните на Турција кои пристигнуваа во пристаништата на источните острови на Егејското Море, добиваа краткорочна виза, за да ги посетат овие области. 

Дејството на оваа програма заврши на 30 октомври 2016 година и според европските претставници не може да биде продолжено поради безбедносни причини. 

Но туристичкиот бизнис на островот Лезбос ја критикуваше одлуката на Европската комисија.

Од репрезентативните здруженија на островот велат: „Европската комисија одлучи да стави крај на туризмот во источните острови на Егејското Море, почнувајќи од Лезбос, обидувајќи се да ги претвори во приемен терминал за бегалци и имигранти.“

Грчката Влада ќе се сврти кон Европската комисија со барање да ја преиспита одлуката, но оваа година нема да се постигне позитивна одлука.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)