ЕУ го замрзнува финансирањето на програми за Турција
Објавено во: Балкан 12 Март, 2017
Европската унија почнала да го скратува финансирањето на програмите кои се вршат во рамките на преговорите за влез на Турција во ЕУ.
Ова се однесува пред се до насоките во кои нема да забележат напредок, пренесе ДПА, повикувајќи се на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
„Веќе запревме одделни програми, за кои немаше соодветен напредок, на пример во областа на градење на правна држава“, изјави Хан.
Од 4,45 милијарди евра предвидени за поддршка на Турција во периодот од 2014 година до 2020 година, се исплатени само малку над 167 милиони, посочи Хан.
Повеќето средства се насочуваат за развој на граѓанското општество, образованието и науката.
Еврокомесарот истакна дека од правна гледна точка ЕУ не може да запре целосното финансирање на Турција, додека преговорите за влегување во заедницата не бидат прекинати официјално.