20 Април, 2024
0.0288

ЕУ и Канада утре ќе стават потпис на договорот за слободна трговија (СЕТА)

Објавено во: Агробизнис 29 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Европската унија и Канада ќе го потпишат договорот за слободна трговија (СЕТА) во неделата на средба во Брисел. Ова го соопшти претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.

„Мисијата е исполнета! Штотуку договорив со премиерот Џастин Трудо да ја одржиме средбата ЕУ-Канада оваа недела“, напишал Туск во својот профил на Twitter.

Договорот стана можен откако регионалниот парламент на белгиската провинција Валонија го одобри документот, со што отпадна и последната формална пречка за неговото потпишување.

Валонците се договорија со централната влада за одредени отстапки во договорот со кои се гарантира заштита на земјоделската продукција и правичното решавање на трговски спорови.

Белгија го задржува правото да воведе реципрочни мерки во заштита на своите фармери при нерамнотежа во трговијата со земјоделски производи помеѓу неа и Канада по влегувањето во сила на СЕТА.

Федералната влада се обврза да се распрашува до европскиот суд дали определениот арбитражен механизам во трговскиот договор за решавање на меѓуфирмени спорови одговара на европското право. Оваа обврска не е врзана со рок.

Канада веќе изјави дека е подготвена на економскиот договор, кога Европа ќе стане подготвена.

Следниот голем договор од таков размер е трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ) со САД. Работата на истиот ќе биде обновена по стапувањето на должност на новиот американски претседател во јануари.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари