ЕУ и Западен Балкан договорија проекти за 500 милиони евра
Објавено во: Економија 13 Јули, 2017
ЕУ и Западен Балкан договорија на вчерашниот самит во Трст 7 нови проекти со вкупна вредност од 500 милиони евра.
Ова го покажува документот распространет од Италија, која беше земја домаќин на овој состанок. Од оваа сума 194 милиони евра се од субвенции од ЕУ и кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
Предвидена е и субвенција од 11,4 милиони евра за енергетски и транспорт проекти, забележуваат уште агенциите од регионот.
Балканските држави беа повикани да го унапредат формирањето на заедничка економска и трговска зона. На состанокот присуствуваа лидерите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и Албанија. Во меѓувреме порано стана јасно дека Европската инвестициска банка (ЕИБ) предвидува во наредните три години да обезбеди за Западен Балкан дополнителни 3,5 милијарди евра за инфраструктурни проекти, од кои голем дел ќе бидат обезбедени за Србија.